Политичарите во Бразил недоразбирањата ги решаваат со борба во кафез

Двајца политичари, ривали, во Бразил ги решија несогласувањата со тоа што се тепаа во кафез.

Симао Пејсото, кој е градоначалник на градот Борба во северозападната бразилска држава Амазонас, се бореше против поранешниот советник Еринеу Алвас Да Силва, познат како „Мирико“, во раните утрински часови во неделата, 12 декември, во ММА стил.

Расправијата, наводно, започнала во септември, откако Мирико сподели видео во кое го критикува градоначалникот за неуспехот да го одржува водениот парк во градот.

45-годишниот Мирико се налутил поради, како што вели тој, неуспехот на Пејсото да го одржува воден парк во близина на реката Мадеира, нарекувајќи го Пејсото „гнил“ и „измамник“.

Прифаќајќи го предизвикот, 39-годишниот Пејсото објавил свое видео, на кое може да се види како со тупаница ја удира дланката, барајќи од Мирико „да го покаже неговото лице!“.

Пејсото на Фејсбук го извести локалното население дека ќе учествува само во организирана борба во ринг, велејќи:

„Јас не сум уличен борец… јас сум градоначалник на општина Борба. Но ако тој навистина сака да се бори… ние сме подготвени да се бориме… Јас отсекогаш сум бил победник“.

На снимката што е споделена на социјалните мрежи, Пејсото може да се види како влегува во рингот околу 2.30 часот наутро, одејќи кон својот противник додека носи пешкир со името „Исус“.

По три рунди, Пејсото победи со одука на судиите.

Иако Пејсото беше среќен поради неговата победа, други беа помалку ентузијасти што политичките фигури ги решаваат своите сметки на овој неортодоксен начин.