Политичарите во Давос им отворија работа на проститутките: Се прават оргии од 103.000 евра и други тајни забави на најмоќните луѓе на светот
Секоја година во јануари, кога најбогатите и најмоќните луѓе на светот слетуваат во Давос за Светскиот економски форум, една друга индустрија доживува најголем подем: секс работата. Богатите трошаат астрономски суми за да ги исполнат своите фантазии – од оргии за 103.000 евра до бизарни „игри на улоги“ и необични, дури и понижувачки барања, кои ги покажуваат најдлабоките желби на глобалната елита.
Содржина:
- Драматичен раст на побарувачката: Давос неделата е врв на секс индустријата во Швајцарија
- Најплатените ескорт-девојки: Цена до 20.000 евра за „правење друштво“ една вечер
- Вистински интелигенција и елеганција: Девојките во бизнис костуми и академски дипломи
- Ексклузивност и рафинираност: Како изгледа работата на врвните елитни ескорт-девојки во Давос
- Американки, Русинки, Украинки и Германки барани повеќе од кога и да било
- Необични и банални барања: Од оргии и улоги, до пица и слушање говори
- Договори за доверливост и скандалозни оргии: Кога фантазијата станува екстремна реалност и се потпишуваат NDA документи
- Моќните сакаат да бидат понижени: Подлабоката страна на барањата на елитата
- Разговори за апокалипсата и атмосфера на тага: Елита што му гледа крај на светот од луксузните апартмани
Драматичен раст на побарувачката: Давос неделата е врв на секс индустријата во Швајцарија
Андреас Бергер, директор за ПР на апликацијата за платени средби Titt4tat, изјави дека форумот во Давос претставува „апсолутен врв на сезоната“, со зголемување на побарувачката за над 4.000% само во таа една недела. На платформата, најскапата резервација некогаш забележана била: „5 жени резервирани за 4 дена. Вкупниот износ беше 103.000 евра без дополнителни трошоци како хотел, ресторани, пијалоци и евентуални подароци.“
Најплатените ескорт-девојки: Цена до 20.000 евра за „правење друштво“ една вечер
Портпарол од швајцарската агенција myLADIES, кој сака да остане анонимен, објаснува дека клиентите најчесто бараат „HighClass Escorts“ и познатото „Girlfriend Experience“, што подразбира придружба на вечери, настани и социјални собирања. Една резервација може да чини до 20.000 евра. Девојките се резервираат денови однапред за неделата на форумот, а има голем пораст на девојки кои не се професионалки туку работат обични работи или се студентки. „Моментално, наставничка од САД нуди услуги во Давос“, вели Бергер.
Вистински интелигенција и елеганција: Девојките во бизнис костуми и академски дипломи
Девојките што работат во Давос за време на форумот носат строга деловна гардероба за да не се разликуваат од елитата. „Девојките на форумот имаат и факултетски дипломи, најчесто се повеќејазични и многу дискретни и истакнати“, објаснува Бергер. Минатата година, една жена која поминала викенд со извршен директор на глобална компанија, подоцна добила и понуда за работа во истата фирма.
Ексклузивност и рафинираност: Како изгледа работата на врвните елитни ескорт-девојки во Давос
Саломе Балтус (41), елитна ескорт-дама која работела во Давос, признава: „Не одам на забави каде што чекам некој да ме земе. Тоа е многу поексклузивно од тоа.“ Сама си ги избира клиентите кои ја ценат не само по убавината и дискретноста, туку и по интелигенцијата.
Американки, Русинки, Украинки и Германки барани повеќе од кога и да било
Годинава има забележително зголемен број Американки, а потоа следуваат Русинки, Украинки и Германки кои доаѓаат во Давос за да работат. Побарувачката е огромна, а профилите за запознавање овозможуваат богатите да резервираат средби однапред.
Необични и банални барања: Од оргии и улоги, до пица и слушање говори
Покрај оргии и игри со улоги, се појавуваат и поедноставни, дури неочекувано обични барања. Портпарол од myLADIES раскажува дека еден познат учесник побарал девојка која ќе дојде во тренерки и ќе донесе пица. „Сакаше да се опушти во апартман од 5.000 швајцарски франци, да седи на под со девојката, да јадат пица и да разговараат за сосема банални работи.“ Друг клиент ангажирал жена само за да му слуша пробен говор – требала да седи мирно во свечена тоалета и да му биде публика.
Договори за доверливост и скандалозни оргии: Кога фантазијата станува екстремна реалност и се потпишуваат NDA документи
Но покрај невините барања, има и апсолутно екстравагантни искуства. „Најекстремниот состанок беше секс партија, вистинска дивa оргија со луди улоги“, открива Бергер. Девојките често потпишуваат договори за тајност (NDA), а агенциите ги советуваат што да прифатат и што да одбијат.
Моќните сакаат да бидат понижени: Подлабоката страна на барањата на елитата
Една ескортка од агенцијата LuxusEscortGirls открива: „Колку што е по моќен човекот во секојдневната работа, толку повеќе копнее да биде понижен приватно.“ Балтис потврдува: „Имав средби со високи функционери кои не ме плаќаа за наклонетост или секс, туку за да ги игнорирам или дури да им наредувам. Многу извршни директори и слични личности се фасцинирани од тоа да бидат покорни и сакаат жена пред која ќе бидат подредени.“
Разговори за апокалипсата и атмосфера на тага: Елита што му гледа крај на светот од луксузните апартмани
Ескортите често присуствуваат на разговори кога елитата дискутира за светските проблеми. Балтис открива: „Слушнав разговори за климатските промени. Богатите се уверени дека доаѓа климатска апокалипса па без срам трошат огромни суми на луксузни придружнички, а доаѓаат со нивните приватни авиони. Слон во просторијата е климатската промена. Сите знаат дека нема спас. Велат дека ќе уживаат уште неколку убави години на земјата и знаат дека нема иднина. Многу се цинични и длабоко тажни.“

Коментирај анонимно