Полн погодок! Кајли Џенер „хипнотизира“ во дамска тоалета која ги истакнува нејзините облини, на модната недела во Париз

Кајли Џенер ги хипнотизираше сите, во неверојатна бујна тоалета додека движеше низ Париз за време на модната недела, во четвртокот.

Реалити ѕвездата (25) се погрижи да ги привлече погледите на присутните во синиот кадифен фустан, додека го напушташе хотелот за модната ревија на „Скиапарели“ одржана во „White & Case LLP “во „Place Vendome“.

Кајли изгледаше апсолутно неверојатно во драматичниот фустан која имаше екстремно смело длабоко деколте и ги покажа нејзините прекрасни облини.
Меѓу другите ѕвезди на шоуто беа Ешли Греам, Кристин Квин и Мелиса Џорџ.

Елса Скиапарели беше модна дизајнерка која ја создаде куќата на „Скиапарели“ во Париз во 1927 година, која ја управуваше во 1950-тите.

Почнувајќи од трикотажа, дизајните на Скиапарели го славеа надреализмот и ексцентричните моди и тој стил продолжи до ден-денес.

Сепак Кајли моментално е доста популарна и на малите екрани, откако обожавателите кои ја гледаат премиерата на „Хулу“ во втората сезона од „Кардашијанс“ мислат дека ќерката на Клои Кардашијан, Тру Томпсон, можеби случајно го открила името на синот на Кајли. Малото момче, чиј татко е Тревис Скот, првично му беше претставено на светот како „Волф“, но тие подоцна им кажаа на обожавателите дека го отфрлиле ова име.

На почетокот на овој месец, додека беше на „The Late Late Show“, Кајли Џенер му кажа на водителот Џејмс Корден дека нејзиниот син сè уште нема име.

Таа објасни дека официјално бебето е уште Волф Вебстер: „Се уште се вика Волф, пасошот му е Волф, но тоа нема да биде неговото име. Само размислуваме. Ние не го нарекуваме Волф“, вели таа.

  • Ljube напиша:

    Daj be ne se glupirajte… Ova se klovnovi, Ne se vredni za nikakvo vnimanie. Go zamoluvam timot na motika da izbegnuva vakvi gluposti…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *