Полугол маж заврши во затвор откако скокна на камион во движење поради „жед“

Бизарна видео снимка покажува како 39-годишниот Габриел Морено скока на задниот дел на камионот во движење, кој патувал по автопатот 99 во Модесто, Калифорнија. Габриел го направил ова со причина.

Тој отворил вентил на камионот кој пренесувал вино и почнал да пие директно од него. Се проценува дека компанијата изгубила 1.000 галони црвено вино, тоа е околу 5.000 шишиња, од кои повеќето завршија на улицата наместо во устата на Габриел.

Снимките започнуваат со Морено, кој управувал седан и и застанува на страна на автопатот, а потоа му посочува и на возачот на камионот да застане. Бидејќи возачот мислел дека Габриел има некој техничи проблем застанал за да му помогне. Откаковозачот видел дека Габриел е само по долна облека, продолжил да вози, но не забележал дека Габриел веќе се качил на задниот дел.

Возачот приметил дека нешто се случува откако компјутерот му покажал дека камионот губи вино. Тогаш сфатил што е работата и повикал полиција, а Габриел бил уапсен. Габриел излегол од затвор само неколку часа пред да се случи инцидентот и на полицајците им рекол дека сакал пак да се врати за да добие сендвич. Очигледно мисијата му е успешна.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.