Полугола заштитничка на животни упадна во бутикот Луј Витон во Австралија
Активистката Таш Петерсон организираше демонстрации против суровоста со разголување во бутик во модна куќа во Перт, Австралија. Жената го покри голото тело со менструална крв и влезе во зградата држејќи постер на кој пишуваше: „Злоупотребувате животни ако не сте вегани“ и „Подобро гола отколку да носам туѓа кожа.“
Против неа било покренато обвинение за нарушување на јавен ред и мир. „Тактиките за заплашување и владините обвиненија нема да ги попречат моите напори да ја подигнам свеста кај граѓаните за ропството и убивањето на невини животни“, рече Петерсон.