Полуиспушена пура која му паднала на Винстон Черчил достигна цена од 5.700 евра на аукција
Полуиспушена пура која му паднала на подот на Винстон Черчил достигна цена од 5.700 евра на аукција.
Пурата му испаднала на тогашниот премиер додека тој и неговата сопруга присуствувале на филмската премиера на американскиот мјузикл „Call Me Madam“ во лондонскиот колосеум во Вестминстер во 1953 година.
Пурата била крената од подот од страна на вработена во киното, Виолет Кинг, која била толку возбудена што пишала писмо до канцеларијата на Черчил, за да побара дозвола од самиот премиер да раскаже за пурата на своите пријатели и да потврди дека е негова. На што, Черчил секако се согласил.
Пурата неодамна беше продадена на аукција од правнукот на Виолет, Џулијан Луис и достигна цена од 5.700 евра.
Тој раскажа како Виолет добила писмо потпишано од личната секретарка на Черчил, Џејн Портал, во која стоело: „Премиерот посакува да ви се заблагодарам за вашето писмо од 1 април. Тој, секако, нема никаков приговор да им кажувате на своите пријатели дека цигарата што ја најдовте е негова и многу ја цени вашата добра волја.“