Поминаа повеќе од 20 години, а Американците сe` уште го ловат бегалецот кој украде огромна сума на пари и исчезна без трага

Американските власти се` уште се во потрага по бегалец, кој украл 350 милиони долари во 1998 година.

Поминаа повеќе од 20 години, а Џон Руфо се` уште е во бегство, откако учествуваше во една од најголемите измами во историјата на САД.

Руфо бил продавач на компјутери во Бруклин кога го извршил злосторството. Потоа исчезнал, оставајќи ги властите да трагаат по него скоро две децении.


Руфо ги измамил банките за повеќе од 350 милиони долари кога се здружил со поранешен директор на компанија „Филип Морис“ и лажирал приказна за „тајни истражувачки напори за развој на цигари без чад“. Компјутерската фирма на Руфо наводно го снабдувала проектот со компјутери, меѓутоа, целиот проект бил трик.

Руфо потоа се обидел да ги инвестира милионите што банките му ги дале во Вол Стрит во обид да ги врати банкарските заеми, но и да ги земе добивките за себе. Но, ниту тој, ниту неговиот партнер не биле доволно искусни на берзата. Тие биле уапсени кога планот се распаднал. Руфо бил осуден на 17 години затвор, но исчезнал непосредно пред да почне да ја отслужува казната.

Тој е етикетиран од американските власти како еден од нивните 15 најбарани бегалци.

Надлежните мислат дека исчезнувањето на Руфо е овозможено поради тоа што украдени пари во вредност од 13 милиони долари никогаш не биле пронајдени.