Понеделничка идеја за ручек: Вкусен и лесен рецепт за шарена долма или полнет модар домат со месо
За сите љубители на модриот патлиџан, денес имаме рецепт за вас. Се вика шарена долма и ќе ве освои со големиот спектар на вкусови.
- За почеток 2 модри патлиџани исечете ги на кришки (дебелина 5 мм) по должина, посолете ги и оставете 1/2 час да пуштат вода.
- Во една чинија ставете 500 гр мелено месо, 1 главица ситно сечкан кромид, 1 јајце, 2 чешниња пасиран лук, 2 лажици презла, сол, бибер, црвен пипер. Сето ова убаво измесете го и оставете во фрижидер. Смесата не се пржи, треба да биде сирова.
- Патлиџаните исцедете ги убаво и наредете ги во тавче на хартија за печење. На секоја кришка накапете по малку масло и печете во рерна на 200 стешени околу 15 мин. Можеби ќе има потреба од печење два пати.
- На секоја кришка печен патлиџан ставете кебапче од меленото месо и замотајте ролат. Така направете со сите кришки.
- Во тава во која ќе печете на дното сипете тенок слој сос од патлиџан и наредете ги ролатите. Ако ви остане од меленото месо, наполнете и 2 мали бабури и во надворешните листови од кромид неколку ролатчиња. Сите посипете ги со малку сос од патлиџан и додадете 100 мл топла вода. Печете во загреана рерна на 200 степени. Околу 20 минути печете покриено со хартија за печење, а понатаму откриено.
Се сервира со кисела павлака или кисело млеко. На здравје!
Извор: „Magicna Gala Kujna“
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Коментирај анонимно