Понеделничка мотивација: 15 смешни цитати за да тргне работната недела
Добрата изрека е моќна – може да нѐ расположи, да даде инспирација и да нѐ научи на мудроста на животот. И со додаден хумор, секогаш има простор да ни овозможи да ги видиме работите од поинаква перспектива. Затоа, создадовме листа од повеќе од смешни цитати кои дефинитивно ќе ве насмеат.
- „Пред да стапите во брак со некоја личност, прво треба да ја натерате да користи компјутер со спор интернет за да го видите нивното вистинско лице“. – Вил Ферел
- „Луѓето кои мислат дека знаат сè се голема нервоза за оние од нас кои знаат“. – Исак Асимов
- „Зад секој голем маж стои жена која превртува со очите“. – Џим Кери
- „Толку сум паметен што понекогаш не разбирам ниту еден збор од она што го кажувам“. – Оскар Вајлд
- „Не сум зборувал со сопругата со години. Не сакав да ја прекинувам“. – Родни Денџерфилд
- „Јас не сум вегетаријанец затоа што сакам животни. Јас сум вегетаријанец затоа што мразам растенија“.
- „Не сум мрзлив, јас сум во режим на заштеда на енергија“. – Анонимен
- „Не ми треба фризер, мојата перница ми дава нова фризура секое утро“. – Анонимен
- „Толку сум добар во спиењето, што можам да го сторам тоа со затворени очи“. – Анонимен
- „Банката е место кое ќе ви позајми пари ако можете да докажете дека не ви требаат“. – Боб Хоуп
- „Сакам моите деца да ги имаат сите работи што не можев да си ги дозволам. Тогаш сакам да се преселам кај нив“. – Филис Дилер
- „Мојата баба почна да пешачи по пет милји на ден кога имаше шеесет. Сега има деведесет и седум, а не знаеме каде е.“ – Елен Деџенерис
- „Најтешкото нешто во светот за разбирање е данокот на доход“. – Алберт Ајнштајн
- „Не ми треба управување со гневот. Ми требаат луѓето да престанат да ме нервираат.“ – Анонимен
- „Јас сум одлична домаќинка. Секој пат кога ќе се разведам, ја чувам куќата“. —Жа Жа Габор
Коментирај анонимно