Пони по име Патрик секој ден оди во паб за да испие по едно пиво со пријателите

Како и многумина од нас, Патрик ужива во неколку голтки пиво во пабот со своите пријатели. Но, сепак кога ќе влезе луѓето шокирани вртат глави. Зошто ли? Па затоа што Патрик всушност е мало слатко пони.

Секојдневно, Патрик – роден на денот на Свети Патрик – се упатува кон „Драм Ин“ во селото Коклингтон, Девон, придружуван од неговиот сопственик Кирк Петракис (42).

За Патрик се вели дека е многу мило животно кое сака да си ја испие криглата пиво на раат, а потоа да грицка морков кој секогаш го чека во пабот. Патрик е толку добро познат во пабот што наското ќе биде домаќин на неговиот втор роденден. Сепак, нема информации за тоа дали Патрик е член на тимот за квизови и бинго.

Кирк кој го посвоил Патрик пред три месеци со својата сопруга, првин го одвел понито во кафуле, но потоа сфатил дека Патрик повеќе сака да пие пиво. Патрик е многу социјализиран и локалните жители го обожаваат.

Се разбира, животот на Патрик не е само забава и пиво, по една година ваков тренинг Патрик ќе почне да работи. Тој ќе добие мала кочија и ќе настапува во училишта и болници како пони за терапија.