Поп за кој мислеле дека е мета на терорист, всушност самиот правел „гревови“

Николаос Какавелакис е свештеник во грчката православна црква во Лион. На 31-ви октомври 52-годишниот татко на две деца бил застрелан со ловечка пушка пред црквата. Попот бил застрелан два пати и завршил во кома. Власите во Франција се сомневале дека попот е последна жртва од низата терористички напади низ Франција, но не можеле да го докажат тоа.

За среќа попот се разбудил од кома, но тогаш морал да признае што всушност се случило. Човекот кој го застрелал не бил терорист, туку сопругот на жената со која што тој имал афера. Напаѓачот идентификуван како 40-годишен Грузиец живеел во близина на грчката црква и веднаш се вратил дома. Тој признал дека пукал во отец Какавелакис додека тој ја заклучувал својата Црква, а потоа го оставил попот да умре.

Исто и тој ја потврдил приказната дека попот и неговата сопруга имале афера. Полицијата го уапсила осомничениот во неговиот дом, а тој не избегал претходно затоа што мислел дека попот нема да закрепне од комата. Исто така во притвор е и неговата сопруга, односно љубовницата на Николаос.

Николаос Какавелакис закрепнува во болница и се верува дека веќе си има поднесено оставка.