Попаметниот попушта, но не и овие двајца! Госпоѓата сака да се релаксира на летот, а човекот остана закован за седиштето

Жената се упатила на социјалните мрежи за да ја сподели својата приказна за „напад“ од маж кој постојано го удирал нејзиното седиште откако го спуштила. Кој колку е нападнат, проценете сами. Венди Вилијамс летала на летот на „Американскиот Орел“, подружница на „Американ ерлајнс“, од Њу Орлеанс до Шарлот кога се случил инцидентот, а откако и дала на авиокомпанијата „секоја можност“ да ја „направи вистинската работа“, решила да се пожали на Твитер.

На видеото се гледа како мажот седи на последното седиште во авионот а жената пред него е Венди. Човекот не можел да го врати своето седиште назад, но Венди го направила тоа, стеснувајќи го неговиот простор, а тој реши да ѝ возврати со тоа што ќе ѝ го „ремети мирот“. Кој е во право? Повелете гласајте кој од овие двајца е поголем инает!