Попот што пиел ракија во авион (виц)

Поп патува во авион. До него се приближува стјуардесата:
– Да ви донесам минерална вода?
– Не, ако може сто грама гроздова.
На пет километри од земјата:
– Дали треба да ви донесам нешто?
– Сто грама гроздова.
На седум километри над земјата:
– Да ви донесам уште една гроздова?
– А, не! Сакам чаша минерална вода.
– Зошто? Нели до сега на ракија теравте…
– Шефот е во близина.