Попставрева афера: Како еден „слуга на Господ“ им забоде нож во грб на најголемите македонски херои
Низ историјата на Македонија добро познати се секаков вид на предавства, но едно ќе се памети долго време затоа што по себе повлече повеќе последици, како што е апсењето и затварањето на Даме Груев.
Битолската провала (позната и како Попставрева афера) една од поголемите афери со кој се соочила Македонската револуционерна организација во од 1900 година, а се започнало со еден скржав и алчен поп.
Македонската револуционерна организација собирала прилози од побогатите жители на Битола. Така на ред дошло да побараат 30 лири од попот Ставре. Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архијерејски заменик и спаѓал во групата егзархиски великодостојници и бил против Организацијата, така што е грешка што организацијата и помислила да побара пари од ваков човек.
Поп Ставре лично ја известил вилаетската власт. Тој се договорил со нив да им помогне да ги фатат комитите. Така поп Ставре ги известил кога тие ќе дојдат да ги земат средствата. Попот дури и се скрил за да не се посомнева некој во него.
Емисарот на Окружниот комитет, Трифун Иванов не го пронашол свештеникот и тргнал да се врати назад, но почнале да го следат. Во текот на гонењето тој успеал да се ослободи од расписката, така што кога бил фатен кај него пронашле само кама.
Казната за поп Ставре
Дознавајќи за предавството, Окружниот комитет свикал вонредна седница на која поп Ставре бил осуден на смрт. За извршување на пресудата биле определени: Трајко Петрев, Глигор Димев и Петар Георгиев. Во утринските часови, на 17 август 1900 година со револверски истрел, пред тремот на црквата св. Богородица во Битола, бил застрелан поп Ставре.

Даме Груев
Тој не починал веднаш, туку им подлегнал на повредите. Ставре како морални убијци ги посочил Даме Груев и Тодор Луканов (Михаил Герџиков).
Апсењата по смртта на поп Ставре
До 21 август 1900 година во долапите на истражниот затвор се нашле околу 42 лица. Судскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во текот на месец март 1901 година во Битола. Сите одрекувале дека имаат било каква врска со случајот.

Судот кој заседавал за аферата
Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор.
Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме Груев кој својот престој во битолскиот затвор, пред очите на корумпираните чувари, го искористил во засилена револуционерна дејност. Поради ова Груев бил испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.