Популарен Јутубер донираше 1 милион долари на банките за храна

Дарежливиот YouTuber донираше храна во вредност од повеќе од 1.000.000 американски долари на банките за храна, кои беа погодени од глобалната пандемија.

Бидејќи членовите на јавноста продолжуваат да паничат и купуваат и складираат големи количини на храна и предмети за домаќинството, банките за храна откриваат дека примаат помалку донации, што значи дека оние што имаат потреба остануваат без важни намирници.

Јутуберот познат под псевдонимот „Ѕвер“ (Beast), чие вистинско име е Џими Доналдсон, сними 12-минутно видео на Јутјуб во кое тој наполни шест камиони со палети храна за да ги донира во банките за храна во областа на Северна Каролина. Доналдсон и неговите пријатели може да се види како растоваруваат палетите, кои се полни со храна.

Тој има 33 милиони следбеници и ветува дека доколку се соберат донации од 1 милион долари тој ќе го дуплира донирањето. Ова е многу храна која ќе спаси многу животи и ќе им помогне на загрозените семејства и повозрасните.