Поради грешка со авионскиот билет сопругот останал на аеродромот, додека неговата сопруга се качила на кобниот лет во Техеран

Кога Мухсен Ахмадипур се збогувал со својата сопруга Роџа Азадијан, тој не знаел дека ова ќе е конечно збогување. Двојката ги посетувала своите семејства пред да се подготват да се вратат дома во Отава, Канада.

Но, кога пристигнале на аеродромот во Техеран, на Ахмадипур му било кажано дека неговиот билет не е повеќе валиден, според граѓанинот на Отава.

Парот планирал да се врати дома заедно, но наместо тоа, Ахмадипур ѝ рекол на својата сопруга дека ќе ѝ се придружи во Канада веднаш штом ќе најде друг лет за дома. Азадијан (43) се качила на летот додека Ахмадипур останал на аеродромот. Авионот полетал и за неколку минути неговата сопруга повеќе ја немало.

Летот ПС752 падна само неколку минути по напуштањето на пистата на Меѓународниот аеродром Имам Хомеини. Петнаесет деца, вклучително и бебе родено во 2018 година, се именувани меѓу загинатите, а исто така имало и 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци и тројца Британци.

Ахмадипур дознал за несреќата внатре во терминалот. Сопругата на Мухсен била помеѓу 63-цата Канаѓани кои ги изгубија животите на летот на Украина Ерлајнс.