Поради малиот Свен бил стопиран сообраќајот во еден град во Хрватска, а причината за тоа допира длабоко во срцата

Момчето Свен не можеше ни да сонува какво изненадување ќе го чека на неговиот шести роденден. Поради Свен, сообраќајот буквално беше запрен кога полицијата, пожарникарите и волонтерите на волонтерската група VG Legacy од Велика Горица, маскирани во суперхерои, пристигнаа пред неговата зграда. Затоа што малиот Свен, кој се бори против рак, многу сака полицајци, пожарникари и суперхерои и сега ги доби дури за роденден, со еден куп подароци.

Шестгодишниот Свен го започна својот роденден со зрачење во Институтот за тумори. Овој мал херој се бори со рак на вилицата, откако претходно добил рак на хранопроводот и стомакот. Кога сите мислеле дека на хоророт му дошол крај се појавил оној на вилицата.

Волонтер од VG Legacу дознал за ситуацијата на Свен и веднаш организирал изненадување. За помалку од еден час, членовите на волонтерската група сопрале костими од суперхерои и со помош на јавната противпожарна бригада „Велика Горица“, Полициската станица Ерномерец и интервентната полиција го изненадија овој мал ангел за неговиот шести роденден. Тие буквално го стопираа сообраќајот за да дојдат до неговата зграда и да му посакаат среќен роденден.

„Не знаете колку пати нашите срца се скршија денес, колку пати ги криевме солзите како суперхерои. Но, на сите ви кажавме, хероите исто така имаат чувства“, напишаа членови на VG Legacy на Фејсбук по многу емотивен ден и рекоа дека на семејството на Свен сега му треба поддршка и помош.