Поради ова необично овошје била извршена евакуација и шестмина вработени завршиле во болница, во Германија

Откако бил откриен сомнителен пакет во поштата во Швајнфурт, Баварија полицијата и пожарникарите се упатиле на местото на настанот поради стравувањата дека е пуштена штетна материја.

Полицајците евакуирале 60-тина вработени, 12 добиле лекарска помош затоа што имале чувство на гадење, а 6 завршиле во болница.

Дури откако службениците за спроведување на законот ја евакуираа зградата, откриле дека пакетот е испорака на четири тајландски плодови, кои му биле испратени на 50-годишен жител од неговиот пријател во Нирнберг.

Станува збор за овошјето Дуријан. Ова не е прв пат лоша миризба од вакво овошје да предизвика таква штета. Овошјето го добива својот карактеристичен мирис од 44 миризливи активни состојки што можат да мирисаат од расипано јајце до вкусна карамела. Секако во овој случај не станува збор за карамела.

Сепак откако се случиле сите проблеми и пристигнале 20 возила на полицијата, противпожарната служба и брзата помош сепак човекот за кој била наменета пратката пристигнал и си ја подигнал. Плодот, кој е деликатес во Југоисточна Азија, но кој е познат и по својата смрдеа. Мирисот е толку силен, всушност, што овошјето е забрането во многу хотели и во јавен превоз низ Азија.

Дуријанот не е едноставно овошје има 200 видови секој со различни текстури, вкусови и мириси. Во суштина тој добро се продава, особено во Тајланд. Само во 2018 година, земјата произведе 600.000 тони, претежно за извоз.