Пораката на Златан Ибрахимовиќ до сите што го мразат и што зборуваат лошо за него

„Мислите дека сум готов? Дека мојата кариера заврши? Но, не ме знаете мене. Целиот живот морав да се борам. Никој не веруваше во мене, па јас морав да верувам во себе. Некои луѓе сакаа да ме скршат, но тие само ме направија посилен. Други сакаа да ме искористат, тие само ме направија попаметен. И сега вие мислите дека сум готов? На сите вас, имам само едно нешто да ви кажам: Јас не сум како тебе, затоа што јас не сум ти. Јас сум Златан Ибрахимовиќ и јас само се загревам.“