Поранешен директор за националното разузнавање откри дека САД има докази за НЛО кое ја прекршило звучната бариера

САД имаат докази дека НЛО ја прекршило звучната бариера без звучен бум,при што маневрите со позната технологија ги прави невозмжни, откри поранешниот директор на националното разузнавање.

Џон Ратклиф, кој беше директор на Националното разузнавање на Доналд Трамп, рече дека многу од инцидентите сè уште немаат објаснување.

„Има многу повеќе докази отколку што беа објавени во јавноста“, изјави Ратклиф..

„Некои од нив се декласифицирани“.

„И кога зборуваме за докази, станува збор за предмети што ги виделе пилотите на морнарицата или военото воздухопловство или биле забележани од сателитски снимки кои се вклучуваат при активности што е тешко да се објасни“.

„Движења што е тешко да се реплицираат за кои немаме технологија. Или патување со брзина што ја надминува звучната бариера без звучен бум“.

Ратклиф рече дека видот на „неидентификувани воздушни феномени“ биле забележани низ целиот свет.

„Кога зборуваме за забележувања на овој феномен, другото што ќе кажам е дека тоа не е само пилот или само сателит или некоја колекција на разузнавачки информации“, рече Ратклиф.

„Обично, имаме повеќе сензори кои ги детектираат овие работи, а некои од нив се необјаснет феномен, и всушност има многу повеќе отколку што се објавени во јавноста“.

На владата во Декември и беше даден рок од 180 дена да открие што знае, што значи дека извештајот треба да излезе пред 1 Јуни.

Ратклиф рече дека се надевал дека ќе ги објави нивните наоди пред да ја напушти функцијата на 20 Jануари.

„Не бевме во можност доволно брзо да го преправиме во некласифициран формат“, рече тој.

Извештајот беше дел од нацрт-законот за олеснување на КОВИД кризата вреден 2,3 трилиони американски долари, што Трамп го потпиша во Декември.

Предлог-законот содржеше Закон за овластување за разузнавање на Комитетот за разузнавање на Сенатот за  2021 година, во кој имаше дел „коментар на комитетот“ што се однесуваше на „неидентификувани воздушни феномени“.

Извештајот, изработен од Пентагон и разузнавачките агенции, мора да ги идентификува, меѓу другото, и сите закани од неидентификувани воздушни феномени и дали тие можат да им се припишат на странски противници.

„Времето може да предизвика нарушувања, нарушувања на видот“, рече Ратклиф.

„Понекогаш се прашуваме дали нашите противници имаат  технологии што се малку понапред отколку што мислиме“.

„Но, постојат случаи кога немаме добри објаснувања за некои од работите што сме ги виделе“.

Аврил Хаинс сега е директор на Националното разузнавање во администрацијата на Бајден.

Видеа од морнарицата беа објавени минатата година преку законот за слобода на информации што покажадека НЛО се движат со неверојатна брзина и врши навидум невозможни воздушни маневри.

Едно од видеата е снимено во Ноември 2004 година, другите две беа снимени во Јануари 2015 година. Трите видеа беа со кодно име „FLIR1“, „Гимбал“ и „GoFast“.

На видеата од 2015 година, пилотите на морнарицата можат да се слушнат како изразуваат неверување. Сите три видеа со НЛО ги сними морнарицата Ф / А-18 Супер хорнетс.

Видеото беше јавно  објавено заради напорите на Њуујорк Тајмс, како и  напорите на Академијата „То старс“, основана од Том Делонџ, основач на бендовите Блинк-182 и Angels & Airwaves.

Ратклиф рече дека ќе биде „здраво“ што е можно повеќе од овие информации да бидат објавени во јавноста.

Една недела пред да се повлече Ратклиф, во Јануари, ЦИА објави  новооткриени записи.

Тие покажаа застрашувачки извештаи за стотици НЛО глетки низ целиот свет кои датираат од 50-тите години на минатиот век, заедно со напорите на меѓународната разузнавачка заедница да ги разбере.

Досие со скоро 3.000 страници документи за неидентификувани воздушни феномени – официјален термин на владата за она што обично се нарекува НЛО, беше објавено на веб-страницата „Црниот свод“..

Документите, исто така, покажуваат преписка за набудувањата на НЛО меѓу офицерите на ЦИА и припадниците на војската.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.