Поранешен готвач открива што е „магичниот“ зачин на McDonald’s – само две обични состојки
Поранешен готвач тврди дека го знае составот на „магичниот“ зачин кој McDonald’s го користи на своите бургери – и дека се состои од само две едноставни состојки што секој ги има во кујната.
Мајк Харач, кој работел како готвач во McDonald’s до 2019 година, во неодамнешно видео на TikTok одговорил на прашање од обожавател за тајниот зачин што се додава на познатите бургери од ланецот за брза храна.
Само сол и црн бибер – ништо повеќе
Харач се согласи дека зачинот навистина е „магичен“, но додаде дека луѓето едноставно не му верувале кога им ја кажувал вистината. Според него, зачинот се користи за „посочните“ плескавици – што значи дека е присутен во голем дел од менито на McDonald’s.
„Тоа е само сол и црн бибер, буквално нема ништо друго во него,“ објасни тој.
Харач дури ги охрабри сите кои не му веруваат да побараат официјална потврда од McDonald’s преку законски канали или едноставно да купат бургер и да го анализираат во лабораторија.
За прецизен сооднос, тој рече дека мешавината е 86% сол и 14% бибер – ако мерите со лажичка, ќе изгледа како еднакви количини, но поради различната тежина, солта доминира.
Сепак, ова не е некоја тајна што McDonald’s ја чува љубоморно. Ако погледнете на листата со состојки за нивните бургери, јасно стои: „се додава малку сол и бибер по готвењето.“ На американската веб-страница, оваа мешавина е наведена како „Grill Seasoning“, со истите две состојки – сол и црн бибер.
Харач потсети и дека McDonald’s, како и сите прехранбени компании, е законски обврзан да ги објави состојките што ги користи.
За споредба, дури и KFC со своите 11 тајни зачини не може целосно да го задржи рецептот во тајност – барем не во однос на составот и соодносот на состојките.
Da se poseram u toa M gjubre !
Коментирај анонимно