Поранешен пациент во Кина им даде надеж на стотици: Отворил „куќа на сочувство“ обезбедувајќи бесплатно засолниште за роднините на пациентите во близина на болницата
Во градот Џинан, Кина, Џенг Ганг – човек кој самиот се соочил со сериозна болест – основал бесплатен прифатен дом за роднини на пациенти што не можат да си дозволат хотел додека им се лекуваат блиските.

Во 2020 година нему му бил дијагностициран тумор на мозок. Додека лежел во болница, забележал дека многу семејства преспиваат на подот, немоќни да си дозволат кров. Изживеаната тешкотија го мотивирала.

Во 2022 година, Џенг изнајмил стан близу болницата Шандун при универзитетот Цилу. Просторот го опремил со кревети на спрат – овозможувајќи престој за 15 лица. Сместените добиваат не само кров, туку и пристап до ориз, тестенини и масло за подготовка на јадења.

Џенг им помага и да се снајдат низ болничките ходници, особено на постарите или на оние што лечат сами. Со ова станал еден од ретките кои нудат поддршка и на духовно и на практично ниво – за четири години згрижил над 300 семејства, некои по неколку дена, други и по цели месеци.

Месечната рента за прифатилиштето изнесува околу 1000 јуани (околу 130 евра), додека хотелска соба во близина е најмалку 150 јуани на ноќ (20 евра). Потребата за вакви домови е огромна – особено во најголемите медицински центри, каде роднините често се жртвуваат финансиски за да го спасат најмилото.

Коментирај анонимно