Поранешен ученик му даде на бездомниот професор 27.000 долари
Еден ден сосема случајно 21-годишниот Стивен Нава го сретнал својот поранешен 77-годишен учител Хосе Виралуел како седи во автомобил. Момчето се шокирало кога дознало дека човекот живее во автомобилот затоа што неколку децении бил учител на замена и кога почнала пандемијата бил пратен во принудна пензија. Хосе имал долгови и завршил на улица односно во автомобил.
Стивен тогаш му дал 300 долари на Хосе, но бил свесен дека нема многу да му помогнат. Затоа одлучил на Go fund me да ја раскаже приказната за учителот и да собере пари. Тој успеал да собере 27000 долари кои му ги подарил на Хосе на неговиот роденден.





