Поранешен вработен во НАСА проговори за феноменот НЛО: „Владата користи приказни за вонземјани за да прикрие други работи“

Искусниот адвокат и поранешен специјален агент на Канцеларијата на генералниот инспектор на НАСА, Џозеф Гутејнц, во ексклузивно интервју за „Fox News“ го сподели своето гледиште за феноменот на неидентификувани летачки објекти (НЛО). И покрај популарноста на темата, особено во последниве години, Гутејнц повикува на научен пристап и рационално размислување, наместо сензационализам и шпекулации.

„Докажете го. Искрено, докажете го,“ изјави тој, обраќајќи се до оние кои веруваат дека НЛО навистина слетале на Земјата. „Тврдат дека има НЛО-и уште од 1940-тите. И, знаете, дека во ‘Ареа 51’ наводно се чуваат летала од други светови. Па, нека влезе некој таму и нека провери.“

Според него, наместо вонземјани, голема е веројатноста луѓето што гледаат „чудни светла“ или летачки објекти да сведочат за нешто што е сосема земско — како воена технологија, дронови или природни феномени.

 

Поранешен вработен во НАСА проговори за феноменот НЛО: „Владата користи приказни за вонземјани за да прикрие други работи“

Огромните растојанија ја прават посетата од вонземјани речиси невозможна

Гутејнц ја потсетува јавноста на огромноста на вселената и научните ограничувања поврзани со меѓуѕвездено патување. „Во галаксијата Млечен Пат има околу 400 милијарди ѕвезди, а во универзумот можеби и до два трилиони галаксии. Но најблискиот ѕвезден систем до нас — Алфа Кентаур — е оддалечен 4,4 светлосни години, или околу 40 трилиони километри. Со денешната технологија, би ни требале над 70.000 години за да стигнеме таму.“
„Кога некој ми се јавува и ми кажува приказни дека бил посетен од вонземјани, им велам — посетете психијатар,“ додава Гутејнц.
Според него, ако некаде во нашиот Сончев систем и постои живот, тој најверојатно е на месечините како Европа, Ганимед, Титан или Тритон — и тоа во форма на микроскопски организми, а не суштества што летаат во чинии.

Огромните растојанија ја прават посетата од вонземјани речиси невозможна

Државна тајност и „завеси“ за прикривање технологии

Гутејнц верува дека уште во 1940-тите, многу од приказните за НЛО всушност биле резултат на тајни воени тестирања. „Веројатно војската тестирала нови летала и не сакала Русите да дознаат за тоа. Така, ако приказната за НЛО функционирала како параван, не би ме изненадило ако дел од војската и владата намерно ја поттикнувале таа мистерија — за да прикријат напредна технологија како стелт авиони.“
„Накратко, мислам дека користевме приказни за НЛО за да сокриеме многу други нешта,“ заклучува тој. И додава — ако денес гледаме нешто необично на небото, голема е веројатноста дека тоа доаѓа од Кина, Русија, или од вашиот сосед со дрон.

 

  • Јас напиша:

    Ако ние немаме технологија да стигнеме 40 трилиони км далеку, тоа не значи дека нема друга галаксија и цивилизација што ја нема таа технологија. Сулудо е да тврдиш дека „зад ридот“ нема апсолутно ништо а не си во можност „да се качиш на ридот“ и да го видиш тоа со сопствени очи исто како што не можеш да знаеш колку е убаво колачето без да го пробаш а тоа ти го тврди некој кој веќе го пробал. Заклучок психијатар да си посети самиот тој не луѓето кои размислуваат поинаку од него.

  • Жарко Г. напиша:

    Во право си. И Ајнштајн тврдеше дека нема ништо побрзо од брзината на светлината, додека Тесла го тврдеше обратното, а за кое нешто беше исмеван од тогашната научна фела. Денес со сигурност знаеме дека Тесла бил во право, а потврдата за тоа дојде од Церн каде научниците успеале да забрзаат честичка со брзина и поголема од онаа на светлината.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *