Поранешниот бездомник обезбедува мијалници и сапун, за луѓето на улиците да можат да останат заштитени

Поранешен бездомник поставува преносни мијалници со сапун и вода околу жариштата за бездомници во Атланта. Теренс Лестер многу добро ги знае тешкотиите да се живее на улиците откако станал бездомник во тинејџерските години.

Сега, Лестер е извршен директор на непрофитна организација Love Beyond Walls, која е посветена на помагање на бездомниците.

Во моментов, животот е неспорно тежок за многу луѓе, но додека луѓето низ целиот свет купуваат панично производи за чистење, тестенини и ролни тоалети за да се заштитат од пандемијата на коронавирус, оние што живеат на улиците честопати ги немаат средствата за се заштитат себе си.

„Сите на вести велат мијте си ги рацете, но бездомната популација често не може. Се обидував да размислам како ќе преживеат. Како можат да го надминат тоа кога не можат ниту да ги мијат рацете? Затоа, решив да започнам од таму.“, вели Лестер.

Лестер најде решение во преносните мијалници, кои се продаваат за кампување и преносни домови. Тие располагаат со пумпа во подножјето, која произведува вода од резервоар со 5 галони и содржи дел за сапун, што значи дека луѓето можат компетентно да ги мијат рацете, без разлика каде се наоѓа преносливиот мијалник.