Поранешниот најдебел човек во светот си го промени животот така што симна 330 килограми

Хуан Педро Франко тежеше неверојатни 590 килограми и беше прогласен за најдебелиот човек во светот. Но, откако станал свесен дека со тоа темпо не му останува уште многу од животот 35-годишниот маж решил целосно да се промени и да ја намали тежината.

Сега, три години подоцна тежи 260 килограми и за прв пат по 10 години може да чекори. Секако ова не е крајот на неговото патување.

35-годишниот од Мексико поминал скоро една деценија во кревет откако доживеал сообраќајна несреќа и неговата тежина само се зголемувала. Откако посетил лекар и претрпел голем број операции, Хуан успеа да изгуби 60% од телесната тежина – нешто што му овозможи да го регулира дијабетесот, високиот крвен притисок и оштетувањето на белите дробови што претходно толку многу влијаеле на неговиот живот.

Тој имал три хируршки операции за отстранување на вишокот килограми и сега повеќе не му е потребен додатен кислород за да го преживее денот. Пред некој ден Хуан бил пресреќен што успеал сам да се искапе, без ничија помош за прв пат во една деценија.

Следните чекори на Хуан вклучуваат друга операција за отстранување на вишокот на кожа, за која се очекува да тежи скоро 90кг. Со ова ќе ја намали тежината уште повеќе и ќе тргне на подобар пат кон нормален живот.