Поранешна Плејбој зајачица остана без дел од носот затоа што ја нападнало куче на новогодишната ноќ

Поранешната Плејбој моделка и бразилска инфлуенсерка, Жулијана Исен, доживеала хорор инцидент на новогодишната ноќ кога дел од нејзиниот нос бил одгризен од куче.

 

Жулијана, позната и по нејзиниот гол протест против бразилската влада во 2015 година, била на забава во Мексико Сити. Ноќта која започнала со забава, завршила како кошмар, кога 39-годишната жена се обидела да погали куче на забавата. Кучето, раса Акита Ину, ја каснало прво за раката, а потоа ја нападнало и на врвот од носот. Исен била итно пренесена во болницата Ангелес во градот, каде што поминала низ двочасовна операција. Дополнително, развила и бактериска инфекција од каснувањето.

 

Според бразилскиот медиум Metrópoles, Жулијана се присетува на моментот кога кучето ја нападнало:
„Бев на новогодишна забава и доживеав многу сериозен инцидент. Малку пред полноќ видов куче Акита Ину“, раскажала таа. „Имам навика да се приближувам и да галам кучиња, но кога се обидов, тој ме нападна насилно. Толку силно ме касна за носот што мислев дека ќе го изгубам лицето.“

Таа додаде: „Благодарение на Бог, пластичниот хирург рече дека нема да ми останат никакви лузни.“

 

На нејзините 2,5 милиони следбеници на Инстаграм, Жулијана откри:
„Имав операција за отстранување на бактеријата и целосна реконструкција на носот.“

Жулијана изјавила дека е „посреќна“, бидејќи нема потреба да се враќа во Бразил за дополнителни интервенции, и дека носот ѝ изгледа подобро од порано.

„Докторот рече дека не треба да правам ништо во Бразил, целосно ми го реконструира носот. Не ми треба никаква естетска интервенција, ништо. Се е совршено. Дури мислам дека докторот ми го направи носот пофино и потенко… Ги направив сите тестови, не беше беснило, но се заразив со опасна бактерија,“ додаде таа. „Сега земам антибиотици и под надзор сум во болница за да избегнам компликации.“

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *