Поранешна зависничка од хероин споделува како успеала да се спаси од „хоророт на таквиот живот“

Деми-Никол Данлоп, 27-годишна мајка на две деца и студентка од Шкотска ја сподели својата предизвикувачка, но сепак инспиративна приказна со своите следбеници на Фејсбук. Жената две години била зависник од хероин, што ѝ нанело големи штети на нејзиното здравје. Деми секој ден се обидувала да излезе од овој маѓепсан круг и на крај успеала во тоа.

Деми отишла во болницата каде ја чувале лекарите и семејството. Деновите по хоспитализацијата биле вистински пекол и таа едвај се справувала со тоа. Таа објавила пред и по слики од нејзиниот третман (што сè уште трае) за да покаже како едно лице буквално може да се прероди за четири месеци.

„Ми требаше долго време да разберам дека заслужувам нормален живот и дека ја направив вистинската работа. Јас сум многу горда на височините што можев да ги постигнам. Но, сето ова е само благодарение на поддршката од моето семејство, пријателите.“, вели Деми.

„Причината што ги споделувам овие фотографии со вас е едноставна. Ако сте зависни од нешто и не верувате дека овие страшни, исцрпувачки и очајни денови никогаш нема да завршат, се лажете.“, објаснува таа.