Поранешниот астронаут на НАСА стана првата жена што нуркаше до најдлабоката точка на Земјата

Поранешниот астронаут на НАСА, д-р Кети Саливан уште еднаш влезе во историјата со тоа што стана првата жена која се нурна на најдлабоката точка на Земјата, достигнувајќи го дното на озлогласената Челинџер бездна.

Оваа бездна се наоѓа во Маријанскиот ров на Тихиот океан и оние кои сакаат да стигнат до дното, мораат да нуркаат 36.000 метри под вода во подморницата наречена Ограничен фактор (LF).

Д-р Саливан, 68 – ветеран со не помалку од три вселенски експедиции – е исто така првата жена што „прошетала“ во вселената, откако ја постигнала оваа прва неверојатна пресвртница во 1983 година. Д-р Саливан и главниот пилот на подморницата, Виктор Весково (54) направија безбедно враќање во експедитивниот брод славејќи го нивното достигнување со Меѓународната вселенска станица.

Подморницата која патува до најдлабокиот дел од океанот е способна да работи со еквивалент на 2.200 тони притисок. Д-р Саливан е осмо лице кое го достигнало дното на Challenger Deep.

Првите двајца истражувачи што го достигнаа дното беа Дон Волш и Џекис Пикард уште во 1960 година. Режисерот на Титаник, Џејмс Камерон, исто така, го постигна ова во 2012 година.

„Како хибриден океанограф и астронаут, ова беше несекојдневен ден, момент кој се случува еднаш во животот.“, изјавила Д-р Саливан.