Поранешниот тенисер Борис Бекер очекува дете со девојка која е 23 години помлада од него – мало чудо доаѓа во неговиот живот

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер (57) откри прекрасна вест: со својата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е дури 23 години помлада од него, очекува дете. Оваа емотивна новост ја сподели на својот официјален Инстаграм профил.

 

Борис Бекер очекува дете со девојка која е 23 години помлада од него – мало чудо доаѓа во неговиот живот

Лилијан гордо ја покажа „новоста“

Во видеото споделено од Борис, Лилијан позира со видлив труднички стомак, пренесувајќи топлина и радост. Нивната љубов и радоста од очекувањето нов живот се чувствуваа и во описот: „Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“. Со ваква порака, многумина пораките на поддршка и честитки ги испратија веднаш.

 

Лилијан гордо ја покажа „новоста“

Љубовта со 23 години помладата Лилијан му донесе надеж на Борис

Во неодамнешно интервју, Борис јавно откри за тежината низ која минувал: професионално, ментално и физички чувствувајќи се лошо. Но, токму во тој темен период, Лилијан покажала интерес и љубов кон него повторно му го вратила светлото и вербата во животот и љубовта.

Борис е веќе татко на 4 деа

Борис Бекер веќе има четири деца од претходни врски, но ова ново очекување на дете со Лилијан најавува нова страница и нов почеток во неговиот живот.
Приказната за Борис и Лилијан е потсетник дека во животот љубовта е посилна од сè, дури и кога минатото носи тежини и пречки. Тие го чекаат новиот живот со отворено срце, докажувајќи дека никогаш не е доцна за среќа и семејство

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *