„Порано носев откривачка облека, но сега го променив мојот стил како од 1950-тите. Мажите сега ме почитуваат многу повеќе и се покултурни со мене!“

Девојка која го променила својот стил и започнала да носи винтиџ облека во стилот на 1950-тите, откри дека мажите сега „поинаку се однесуваат кон неа“, откако целосно ја трансформирала нејзината гардероба.

 

 

 

Брук Стретон (24) од Јужен Јоркшир, Велика Британија, станала фасцинирана од модата од 1940-тите, 50-тите и 60-тите години откако го гледала познатиот филм „Grease“. По гледањето на класичниот средношколски мјузикл, креаторката на содржина развила љубов кон Елвис Присли и Мерлин Монро.

„Го добив мојот прв фустан од 1950-тите пред една година и го носев по цел ден низ куќата“, рече таа.

 

 

 

„Главно носам облека од 40-тите, 50-тите и 60-тите години. Растејќи ги засакав мјузиклите како „Grease“ и „Hairspray“ и претпоставувам дека од таму ми дојде инспирацијата. Штом ќе се облечам во фустанот, слушам добри работи и на сите им се допаѓа“.

 

 

Она што започнало како обичен интерес, сега прераснало во целосен начин на живот. Нејзиниот прв винтиџ предмет бил црно-бел цветен фустан купен за 40 долари во октомври 2023 година. Откако го купила својот прв винтиџ фустан, до сега, Брук направила импресивна колекција, набавувајќи ги нејзините уникатни парчиња од eBay, Vinted и локални „second hand“ продавници.

 

   

 

Нејзината колекција сега може да се пофали со 100 фустани, 20 пара чевли и 14 капи кои потсетуваат на модата од средината на 20 век.

Неверојатно, најизненадувачкиот аспект на трансформацијата на Брук е промената во начинот на кој другите се однесуваат кон неа – особено мажите.

„Се чувствувам многу посигурна и ме третираат поинаку во јавност. Цело време има човек кој ми ја држи вратата некаде и тоа е одлично. Дефинитивно треба да го вратиме овој стил“.

Храбриот стил на Брук, исто така, често ги поттикнува странците да и приоѓаат и да ја опсипуваат со убави зборови и носталгични спомени. Па, така уникатното чувство за мода на Брук влијаело и на нејзиното момче Брендан (24), кој исто така прифатил елементи од винтиџ стилот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *