Пораснал во сиромаштија и бил бездомник, но на 25 години станал милионер

Како дете, Бранден Конди (25) од Вирџинија бил принуден да живее во сиромаштија. Според човекот, еднаш неговата мајка била неочекувано отпуштена од работа, а на семејството му биле дадени 12 часа да соберат работи и да ја напуштат куќата. После тоа, неколку години Конди спиел кај роднини, пријатели и на улица. „Требаше да чистиме јавни тоалети и да спиеме во туѓи домови.“

Човекот признал дека спомените од детството станале поттик тој да донесе одлука да започне сопствен бизнис. Почнал да чита книги за претприемништво и да следи познати бизнисмени на социјални мрежи. „Така ги запознав моите сегашни партнери: само започнав да разговарам со момците од Аризона кои отворија успешна фирма за маркетинг“, вели тој.

Еден месец подоцна, Конди се откажал од својата ниско платена работа и отишол во друга држава да ја развие компанијата со нови познаници. Во рок од две години, тој основал маркетинг агенција на Инстаграм, наречена Бранден Конди ДОО, што му создавала месечни приходи од 25.000 американски долари. Сега неговиот бизнис напредува и тој патува низ светот, вози луксузни автомобили и брендирана облека.