Поразителен факт: Во САД има повеќе парчиња огнено оружје отколку луѓе

Фаталната љубовна врска на Америка и оружјето станува сè посилна. Новите бројки покажуваат дека 2020 година била најсмртоносната година во последните неколку децении, во однос на насилство со оружје. Во исто време, Американците купуваат оружје во рекорден број, додека пратениците од Тексас оваа недела последни гласаа за да им се дозволи на луѓето да носат оружје без лиценца, без проверка на минатото на човекот или каква било обука.

Во САД, најцитираниот факт за огнено оружје е дека таа е единствената земја во светот каде има повеќе оружје од луѓе – околу 12 парчиња огнено оружје на секои десет лица, или 390 милиони парчиња за население од околу 331 милиони (иако, ако го земеме во предвид и нерегистрираното оружје, вкупната бројка би можела да биде скоро двојно поголема).

Сепак, за волја на вистината, овие зачудувачки бројки залажуваат. Повеќе од три четвртини од возрасните Американци тврдат дека немаат оружје, додека некои луѓе поседуваат навистина огромен арсенал и тоа легално.

Фотографката Габриеле Галимберти ги замолила своите фанови на Фејсбук да позираат со нивното оружје, а резултатите кои ги доби се навистина необични. Меѓу љубителите на оружје меѓу предвидливите воени ветерани и полицајци, има и обични луѓе и златари па дури и свештеници.

Фотографката пронајде семејство во Тексас со повеќе од 200 видови огнено оружје.