Португалски тркач со мотори се ожени со својата полусестра

Португалскиот тркач на мотоцикли Мигел Оливеира се ожени со својата полусестра Андреа Пименте и двојката сега чека бебе. 24-годишната Андреа Пимента е ќерка на втората сопруга на таткото на тркачот. Мигел Оливеира ја запозна својата идна сопруга кога имаше 13, а таа имаше 11 години. Тие започнаа романса по полнолетството, но не се осмелија да ја објават долго време – до 2019 година. Во јули, тие се венчаа, а викендот се дозна дека сопругата чека дете.