Посебно искуство: Село во кое по зајдисонце излегуваат само храбрите

Ал Хамра е дестинација која со текот на годините се повеќе е на листата на многу љубители на необични патувања и една од најстарите во Оман. Стои во подножјето на планината околу 400 години и е изграден од кал. Поголемиот дел од куќите се напуштени и трошни, а шетањето низ тесните улички во текот на ноќта е посебно искуство.

Може да се каже, и тест за храброст за оние кои се плашат од темнината. Штом сонцето ќе зајде над хоризонтот, само мачките можат да се справат во мракот бидејќи нема улично осветлување.

Една од омилените активности на туристите е искачувањето на покривите и уживањето во глетката, односно фотографирање на по малку натприроден пејсаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, можете да побарате сместување во Баит Алџабал, што е најблиску до искуството на спиење во типични куќи од кал.

Иако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а наводно е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.

Ал Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Не пропуштајте го блиското село Мисфат Ал Абријен, се смета за едно од најубавите во земјата.

Колибите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.