После повеќе од 11 години разделеност, синот си го пронајде таткото за да ја дочекаат заедно Новата година

Празниците се волшебни. И во одредени случаи, оваа празнична еуфорија може да заврши во чудо! Изгубен татко, решителен син и една емотивна средба. Момче од Англија одлучи само да си го создаде своето чудо.

Џејсон Кели, 23-годишник од Тубрук, бил решен да го пронајде својот долго изгубен татко Дејвид Кели, кој во тоа време имал 67 години. Тие не се виделе повеќе од една деценија. Таткото ја напуштил семејната куќа кога Џејсон имал само 2 години, но тој сепак го посетувал неговиот син. Џејсон вели дека има многу среќни спомени со неговиот татко.

Но како што стареел негодувањата се зголемувале. „Се сеќавам, исто така, еднаш кога имав осум години, направив огромна снежна топка и ја фрлив кон него, а тоа навистина го изнервира и тоа беше последен пат кога го видов до мојата 12-та година.”

„Кога имав околу 12 години, одев дома од училиште со една другарка. Одев по главниот пат и го видов како вози покрај мене со неговиот велосипед ме погледна директно во очи и ми се насмевна. Се чувствував скоро парализирано од шок и тоа беше последен пат кога го видов “, објаснува Џејсон.

Пред една година дедото на Џејсон починал и тој бил решен да го пронајде својот татко. Објавувал стари фотографии кои ги имал од него и добил информации дека Дејвид има тежок живот и спие на улица. Затоа неговиот син сакал да го пронајде што поскоро пред да започне зимата.

Наскоро Џејсон пронашол адреса каде што Дејвид привремено престојувал. Тој сакал првин да избега кога слушнал дека неговиот син дошол да го види, но набрзо се вразумил, почнал да плаче и да разговара со него. Емоциите биле силни а Џејсон и Дејвид имале заедниќка Божиќна вечера. Тие исто така планираат заедно да ја дочекаат и Новата година.

Дејвид нема сметка во банка, ниту пак било какви документи. Неговиот син му купил мобилен телефон за да одржуваат контакт и уште неколку основни работи и вели дека планира да го крене на нозе својот одамна изгубен татко.