Последниот совет од таткото аптекар на смртна постела (виц)

Стар аптекар на смртна постела ѝ остава аманет на ќерката:
– Ќерко, кога ќе се разболиш, оди на доктор. И плати му. Затоа што и тој треба да живее. Потоа оди во аптека и купи ги лековите што ти ги препишал, затоа што и аптекарот треба да живее. Потоа фрли ги лековите. Затоа што и ти треба да живееш!