Постапката на овој папагал му го спасила животот на сопственикот, откако избил пожар

Најчесто слушаме приказни за кучиња кои ги спасуваат животите на своите сопственици, но не мора да значи дека се единствените животни со добри намери. Еден папагал стана херој откако му го спаси животот на својот сопственик.

Антон Нгуен спиел во неговиот дом во Бризбејн, Австралија, кога се разбудил од звукот на папагалот Ерик кој го извикувал неговото име. По неколку моменти, сфатил дека неговото домашно милениче го предупредува на фактот дека неговиот дом од дрво гори.

„Ерик, мојот папагал, тој почна да вика, па јас се разбудив и почувствував малку чад, го фатив Ерик, ја отворив вратата и погледнав на задниот дел од куќата и видов пламен.“,вели Антон. Тој повикал пожарникари, но додека да пристигнат тие домот веќе бил проголтан од пламенот.

За среќа, Антон, кој живее сам, успеал да се извлече заедно со Ерик. Иако не е познато што го предизвикало пожарот, инспекторот за пожар и ургентни служби во Квинсленд, Камерон Томас, кој присуствувал на пожарот, потврдил дека брзото размислување на Ерик го спасило животот на Антон.