Постои можност да умрете од напорна работа? Јапонците го имаат решението и тоа е ни помалку ни повеќе, туку вертикална капсула за спиење

Жирафенапот е нов тип на капсула за спиење што поттикнува целосен сон во текот на денот за да ја зголеми концентрацијата и работната ефикасност.

 

Јапонците се познати по нивната напорна работа, која ја нагласува посветеноста на својата работа, дури и по цена на здравјето или општата благосостојба. Работните услови можат да станат толку лоши што Јапонците дури имаат термин за „смрт од прекумерна работа“ (кароши).
За да се справат со таквиот исцрпувачки распоред и стрес, некои јапонски работници прибегнуваат кон кратка дневна дремка, што го зголемува нивото на енергија и концентрацијата. За да им олесни на луѓето да спијат речиси насекаде, една компанија почна да поставува исправени капсули за спиење наречени „Gireaffenup” во кафулињата низ целата земја.
Една од главните причини зошто капсулите „Gireaffenap” се вертикални е просторот – така е многу полесно да се инсталираат во мали кафулиња и ресторани бидејќи заземаат многу малку простор. Дополнително, се чини дека одржувањето исправена положба му олеснува на лицето што ја користи капсулата да се разбуди од дневните дремки.

 

Секоја капсула „Gireaffenap” е опремена со алармен систем кој може да се конфигурира од корисникот, како и точки за поддршка за различни делови од телото – глава, задник и стапала – за да се осигура дека корисникот одржува исправена положба за време на спиењето. Капсулите се опремени и со систем за прилагодување на висината за секој да може да добие совршено држење додека ги користи.
Капсулите за спиење „Gireaffenap” моментално се достапни во две верзии – обичен бел модел и модел кој го имитира традиционалниот дизајн од бамбус. Обезбедуваат одлична звучна изолација, како и разни смирувачки звуци кои поттикнуваат сон и вграден систем за вентилација.
Во моментов, „Giraffenap” е воведен во некои кафулиња во Јапонија, а доколку се постигне очекуваниот ефект, тогаш можеби тие ќе бидат воведени и во други објекти.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *