Посветен сопруг пронајде начин како да го продолжи омиленото хоби со сопругата која има Алцхајмерова болест

Луѓето кажуваат многу работи за љубовта, дека таа може да биде вечна, дека ослободува, дека е најважното чувство во животот. Додека некои сметаат дека е клише, други имаат различно искуство и ги земаат овие изјави за факти. И од време на време се сретнуваме со приказни каде што се гледа вистинското значење на љубовта.

Бил и Глед Форвард се заедно повеќе од 50 години. За време на нивниот живот заедно, тие биле предизвикани од многу работи, вклучувајќи несреќен пресврт на настаните во 2004 година кога здравјето на Глед почнало да се влошува и таа била дијагностицирана со Алцхајмерова болест.

Двојката го поминувала поголемиот дел од своето време на отворено, воглавно во возење на велосипед. Велосипедите биле составен дел од нивниот живот, но здравјето на Глед толку се влошило што таа не може ниту да оди без да падне. Сите мислеле дека нивните активности на отворено се завршени, но сепак не е така.

Бил не сакал да се откаже од својата сопруга и се заколнал дека ќе направи нешто за неа. Тој добил идеја да направи специјален велосипед со кој ќе може да ја носи сопругата со себе додека вози.

Ова беше почеток на „велосипедската столица“. Бил живеел во странство со години и тој бил инспириран од иновативноста таму, што доведе до создавање на столот за велосипеди. Се вели дека тој излегол со нацрт-дизајн и го однел кај неговиот пријател Кен Мекензи да го изгради. Резултатот беше столот за велосипеди што можете да го видите.

Поради љубовта на Бил кон својата сопруга сега многу луѓе со ист или сличен проблем можат да уживаат во прошетка со велосипед и поминување на квалитетно време со саканите.