Посвоениот син им се одолжи на сиромашните родители така што им го подари животот од соништата
Нанај и Татај биле сиромашни и немале многу. Но, сепак тие сакале да имаат дете и биле спремни да му дадат сѐ. Така парот од Филипини посвоил момче. И иако нивниот живот не бил лесен додека момчето растело Џајве Лазаро Бадиле Втори стана успешен човек.
Додека се качуваше по социјалната скала, тој си вети на себе дека ќе им обезбеди многу подобар живот на родителите кои го посвоиле. Па кога дојде моментот, така и направи.
„Кога Нанај и Татај ме посвоија животот не беше лесен. Нанај е продавач, Татај е вратар. Сега, кога имам шанса да им вратам, ќе се уверам дека тие ќе ги живеат своите соништа подобро од она што некогаш би можеле да замислат.“, вели Џајве.
Откако успеал да стане богат човекот на родителите им направил куќа од соништата и ги прошетал низ светот. Луксузната палата има 7 спални соби и прилично сè што можеби да им затреба. Џајве поминува колку што е можно повеќе време со семејството и цени сѐ што направиле за него, бидејќи некој некогаш се откажал од момчето, но не и Нанај и Татај чиј најголем подарок била љубовта кон напуштеното дете.