Посвоено кученце отишло на првата прошетка со новото семејство и ископало богатство вредно речиси 8.000 долари
Многу љубители на кучиња би се согласиле дека сите кучиња додаваат вредност на нашите животи. Но Оли тоа го носи на сосема ново ниво. Адам Кларк и Ким Мекгваер од Блекпул, Англија, првично го купиле малиот Оли како изненадување за нивната ќерка Алис. Сепак, се испоставило дека им се подготвувало и нив прекрасно изненадување.
Оли е многу повеќе од преслатко лице. Неговата раса, лагото Ромањоло, некогаш го користела своето остро сетило за мирис за да лови водни птици во влажните мочуришта на Италија, според Dog Time. Еве пример за тоа како изгледа лагото Ромањоло.

Плишано мече на четири нозе.
Овие младенчиња се и природни копачи, а во денешно време се единствените кучиња кои се одгледуваат специјално за лов на тартуфи.
Овие таленти влегоа во игра прилично брзо кога по само 10 минути во неговата прва семејна прошетка во паркот, Оли почнал избезумено да копа во почвата. На големо изненадување на сите, Оли ископал нешто што изгледало како 15 суверени монети, што значи парчиња злато кои би можеле да датираат од 1489 година.

Кларк ги однел монетите да ги прегледа угледен трговец со злато, кој не само што ги сметал за легитимни, туку ги проценил на 5.943,96 фунти, што е еквивалентно на 7.564 долари. Не е јасно колку семејството платило за Оли, но изгледа безбедно да се каже дека им се вратени парите…
Lucky puppy digs up treasure trove of gold coins worth £6,000 on his first walk https://t.co/UPl6YqBaUM
— Anglia Research (@angliaresearch) April 21, 2022
Иако откритието на Оли е извонредно, Кларк сепак смета дека неговото присуство е врвен подарок. „Богатството е една работа, но факт е дека си купив сопствен ловец на злато и едвај чекам да шетаме повторно. Тој очигледно е многу посебно кученце, и јас сум воодушевен од она што го носи на масата – буквално!“
Не може да се каже какви други ситници би можел да ископа Оли. Но, едно е сигурно – тој го прави своето семејство многу среќно. И тоа е бесценето.

Коментирај анонимно