Потонатиот континент: Тајната земја Лемурија

Во 19 век , научниците претпоставуваа дека потонатиот континент, Лемурија, се крие во Индискиот Океан. Се претпоставуваше дека лемурите се појавиле во Мадагаскар и се преселиле по Лемурија во Индија – ова го објаснува нивното присуство таму.

 

Подоцна се покажа дека, прво, постојат ендеми – видови кои живеат само на едно место на Земјата, како лемурите на Мадагаскар – и второ, индиските лемури не се лемури, туку лорис и други животни слични на лемурите по изглед.

 

Лемурија била многу добро развиена. Се смета дека поради удар на астероид се случила голема поплава и целиот континент исчезнал. Со тоа што Лемуријците бидејќи ги следеле атмосферските движења го знаеле сето тоа и се подготвиле за ударот. Сакајќи да остават информации за нивното постоење и за достигнувањата, нивните знаења со медитација ги вградувале во вибрацијата на големи кристали и ги закопувале длабоко под земјата.

 

 

Хелена Блаватски, окултистка и основач на теозофијата, го стави митскиот континент во своето мистично-религиозно учење и го нарече „родното место на човечките предци – Лемуријците“. Таа напишала воздбудлива приказна за оваа тајна земја. Во нејзиниот текст „Тајната доктрина“ пишува дека во Лемурија живеела трета раса на Лемуријци. Луѓето од оваа земја биле опишани дека имаат четири раце и око на грбот на главата, што го користеле за комуникација едни со други преку телепатија. А најекстремните тврдења се дека жителите на Лемурија имале способност за телепатија и астрално патување.

 

 

Постоењето на Лемурија беше отфрлено од научниците уште откако тектониката на плочи го објасни движењето на континентите кои сега ги формираат Африка, Индија и Азија. Но, неодамнешните докази од островот Маурициус укажуваат на можноста за античко „изгубено“ континентално карпесто корито во Индискиот Океан.

Па што мислите вие?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.