Потопената црква „Св. Никола“ во Маврово изгледа непрепознатливо, благодарение на добри луѓе

Македонија има многу скриени убавини, но оваа место е буквално скриено од очите на светот во одреден дел од годината. Секој кој тргнал во Маврово да ги види неговите природни убавини не може а да не ја забележи специфичната црква, која се „раѓа“ од езерото.

Во 1850 била изградена „Свети Никола“ во Маврово. Таа издржала недопрена цели 103 години, додека низ Мавровската Котлина течела Мавровска Река. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Интересно е тоа што кога било создадено Мавровското езеро биле уништени и делови од старите села, но само црквата се издигнува повторно, додека нема остатоци од другите градби.

Неодамна група на доброволци одлучи да ја исчисти црквата „Св. Никола“ во Маврово, која овој период повторно може целосно да се види. Внатрешноста на црквата сега изгледа целосно различно и може детално да се види архитектурата.