„Потребна ни е светлина повеќе од било кога“-Скопје блесна во светлечките инсталации инспирирани од Сонцето

Со помош на своите инсталации и преформанси, 25 уметници од 14 земји деновиве го ишараа Скопје низ четвртото издание на „Skopje Light Art District“.

 

Темата оваа година беше Сонцето, како непресушен извор на светлина и енергија, а посетителите можеа преку апликација да ја следат т.н Патека на сончевата светлина и да уживаат во инсталациите кои се наоѓаа на повеќе локации во градот.

Првиот ден фестивалот почна со целиот визуелен-аудио потенцијал, а потоа, во знак на солидарност поради трагичниот пожар во Тетово и прогласената жалост на територија на цела држава, светлосните инсталации два дена беа неми.

 

 

Уметниците на 14 јазици испишаа пораки кои беа прикажани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.

Погледнете како изгледаше Скопје од 8ми до 11ти септември за време на фестивалот.