„Потрошив 100.000 долари на елитни апликации за запознавање, за на крај да дознаам дека вистинската љубов ми била пред нос“

Жена тврди дека потрошила околу 100.000 долари на две „елитни“ апликации за запознавање со милионери.

Сузан Мутези, инфлуенсерка и авторка, долго време е во светот на онлајн запознавањето и вложила значителна сума на пари во потрага по вистинската љубов. Со 1,2 милиони следбеници на „Instagram“, Сузан не бара каква било врска, туку ја посакува „онаа вистинската“, која доаѓа со своја цена.

 

 

Како авторка на новата книга „Love Beyond 30s“, 38-годишната Сузан признава дека потрошените средства на луксузни апликации како „Luxy Black“ и „Raya“, ја изненадиле и самата. „Luxy Black“, на пример, нуди членства, вклучувајќи и опција од 999 долари за три месеци, за пристап до „богати, успешни и атрактивни милионери“.

„Запознавањето е како да се запишеш во теретана – но наместо фитнес, бараш некој кој може да го издржи твојот гламурозен начин на живот“, вели Сузан.

 

 

Сузан објаснува дека ѝ е важно првиот впечаток да биде одличен. Нејзините подготовки за состаноци, како маникири, депилации и уредување веѓи, станале неопходни ритуали, а еден таков ден може да ја чини и до 500 долари. На ова додава дека со чевли и скап дизајнерски фустан, нејзиниот буџет брзо расте, па мора некој да ја поддржи.

 

 

Откако поминала низ повеќе разочарувања и доживеала емотивна исцрпеност, Сузан сфатила дека нејзината вистинска љубов е поблиску отколку што мислела – во неа самата.

„Имаше моменти кога си велев: „Дали ова навистина вреди?“ По недели поминати во бескрајно пребарување, не можев да не се запрашам за моите избори. Но, во сет тој хаос, открив една важна вистина: најзначајната врска е онаа што ја имаме со самите себе“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *