„Потрошив 15 години од мојот живот за да му се одмаздам на момче коешто ја навреди мојата пријателка на колеџ- му ги откривав краевите на омилените серии и дури му ја расипав свршувачката!“

Чувајте ги вашите пријатели блиску – и ветете дека ќе планирате макотрпна одмазда на оној што ќе се осмели да ги повреди.

Една жена ја сподели својата луда приказна за добро испланирана одмазда, откако откри дека поминала 15 години за да му се одмазди на мажот кој вербално ја нападнал нејзината пријателка.

 

 

 

Корисничката на „TikTok“, Линда Соли Херд, која изгледа дека живее во Далас, Тексас, го објасни оригиналниот инцидент што започнал пред повеќе од една деценија, додека биле на колеџ.
„Тој ја нарече глупава дебела кучка, што категорично не е точно“, објасни Линда во видеото, кое е прегледано над 4,1 милиони пати.

„Тој не го слушаше нејзиното извинување“, продолжи таа, револтирана. „И потоа плукна по неа“.
Додека нејзината пријателка брзала во бањата да се исчисти, Линда се присетила како се соочила со човекот.

„Врескав во лицето на овој човек!“

 

 

 

Следниот ден, Линда го започнала својот план за одмазда – почнувајќи со пронаоѓање на човекот на „Фејсбук“ и откривање на некои негови интереси – вклучувајќи ја и неговата љубов кон ТВ емисиите како што се „The Walking Dead“ и „Breaking Bad“.

„Ова беше кога се емитуваа сериите на телевизија. Значи, би направиле се за да избегнете спојлер“.

Линда веднаш почнала да бара спојлери за претстојните епизоди. Откако поминале неколку месеци расипувајќи му ја серијата Линда признала дека е и е доста – до следниот семестар кога повторно се соочила со него.

„Имав час со него, политички науки – а тој е застапник на ѓаволот за сè“, се жали таа. „Секое лошо мислење што можеш да го имаш, тој го има“.

 

@lindasolleyhurd

#stitch with @Susi this is genuinely unhinged. And i do have permission from his ex to share this.

♬ original sound – Lindasolleyhurd

 

Таа забележала дека тој престанал да ги споделува своите интереси на „Фејсбук“ – па, Линда чекала додека не се појави прилика да продолжи да се одмаздува.

„Но, еден ден тој го вклучува својот „PowerPoint“ на проекторот за презентација. Не знам за која веб-страница беше, но почнувам да барам на различни места на интернет и гледам дека едно место што тој го користи е „Reddit““.

Линда го користела „Редит“ за да ги расипе интересите на мажот, користејќи го профилот на „Фејсбук“ што таа го создала за да му испрати порака.

Поминува речиси една деценија пред шармантниот господин повторно да се појави пред Линда – овој пат затоа што се свршува со пријателка на пријателка – кого таа ја опишува „како ангел“.

„Дознав дека тие се свршени и реков: „Не сум размислувала за овој човек толку долго“, сподели таа. „Значи, го барам неговиот „Редит“ за да видам дали тој сè уште го користи“.

Кога се најавила на „Редит“, Линда нашла „некои прилично злобни работи“ – во кои не навлегувала – наведувајќи една како слика со неговата вереница.

 

 

Решена дека неговата вереница ќе дознае со кого таа навистина ќе се омажи, Линда повторно се најавила на еден од нејзините стари профили на „Фејсбук“ и и испратила дел од објавите на „Редит“.

„Таа ја раскинува свршувачката“, триумфално се сеќава таа. „Последното што го проверив, ја видов, таа има убави деца и просперитетен бизнис и се чини дека има среќен брак со друг човек. Не знам што по ѓаволите сега тој прави, но не треба да ги напаѓате жените и да ги нарекувате кучки“, рече таа.

Корисниците на „TikTok“ беа згрозени – и импресионирани – од посветеноста на Линда да го собори човекот кој ја малтретирал нејзината пријателка пред сите тие години.

„Посветеноста е ФАНТАСТИЧНА“, напиша еден.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *