„Потрошив 40.000 евра за 50 тетоважи и операција на јазик – нема да престанам иако баба ми го мрази тоа“

Луси Красота, млада жена од Германија, се посветила на екстремни телесни модификации уште од десет години, а досега има вложено над 40.000 евра во тетоважи, пирсови и хируршки интервенции. Ниту болката, ниту осудата од најблиските не ја запираат во потрагата по уникатен изглед.

„Потрошив 40.000 евра за 50 тетоважи и операција на јазик - нема да престанам иако баба ми го мрази тоа“

Повеќе од 50 тетоважи и расцепување на јазикот

Со само 20 години, Луси е веќе конфликтна тема во своето семејство и помеѓу блиските поради нејзината опсесија со тетовирање и модификации. Некои сметаат дека отишла предалеку – а особено нејзината баба која отворено се противи.
„Имам огромен конфликт со мојата баба околу тетоважите, пирсовите и телесните модификации воопшто. Моето семејство имаше голем проблем со мојата промена. Имаше многу дискусии и караници. Морам да кажам дека јавноста генерално реагира позитивно, освен постарата генерација. Од нив добивам глупави коментари,“ вели Луси.

Повеќе од 50 тетоважи и расцепување на јазикот

Скапи операции и болни процедури не ја запираат: Болките и лузните се само дел од нејзиниот пат до целосна трансформација

Досега, Луси потрошила повеќе од 6.900 евра само за операција на затегнување на стомакот – сè за да има појасно платно за уште повеќе тетоважи.
„Имав операција на стомакот за да го затегнам малку, и од тогаш речиси целосно го изтетовирав стомакот. Беше многу болна операција, не можев ни да одам право првите неколку недели. Лузната сè уште се гледа на долниот дел од стомакот, но на крај ќе биде целосно покриена со тетоважи,” открива таа.
Дополнително, си направила и корекција на тетоважи на вратот и градите, додала уште две нови тетоважи на лицето, а пирсовите на образите повторно ги поставила, откако претходно морала да ги извади.

Скапи операции и болни процедури не ја запираат: Болките и лузните се само дел од нејзиниот пат до целосна трансформација

Плановите се екстремни како и досега: Луси сака да тетовира сè – освен делови за контраст, и најавува нови драстични промени

Луси открива дека нема намера да застане овде и дека нејзините идни модификации ќе бидат уште позабележителни.
„Мојата цел е да бидам целосно тетовирана од глава до пети, оставајќи ги градите и вагината природни. Ми се допаѓа контрастот што го создава со останатиот дел од телото. Сакам да ги зголемам градите двојно, и сакам да добијам вампирски заби и уши како елф,“ раскажува Луси.

  • Lile Oparova напиша:

    I babami mrazese sto jas se lupam Kade ke stignam i so kogo ke stignam…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *