„Потрошив над 200.000 евра за да се трансформирам во „девојка змеј“ – сега не можам да се вработам поради тоа како изгледам“
Амбер Лук – која го носи прекарот „девојка змеј“ – призна дека нејзините работни опции се „ограничени“ со нејзиниот уникатен изглед.


Зависничката од тетоважи со текот на годините беше на насловните страници поради нејзините екстремни модификации, вклучително и операцијата на јазикот и операција за да добие зашилени „елфински“ уши. Минатата година, таа исто така ослепела три недели и плачела сини солзи, откако ѝ било истетовирано на очното јаболко со „змеј сино“ мастило.
Но, последното признание на Амбер откри дека нејзините проблеми вклучуваат повеќе од болни операции. Таа зборуваше за нејзиниот тежок работен век.

Амбер рече: „Изгледот ми ги ограничи опциите за вработување, но тоа е во ред. Затоа што јас тоа го гледам како дека не сакам да работам за компанија која е плитка со ограничени погледи и не може да го надмине мојот имиџ. Тие нема да гледаат на мојата работна етика, нема да гледаат на мојот морал или моите вредности или на она што можам да го направам во работата“.


Инфлуенсерката раскажа и за тоа дека нејзиното затегнато тело привлекува многу несакани коментари од непознати.
Иако прифаќа дека „секој има свое мислење за тоа што е убавина“, манекенката рече дека нејзините тетоважи и пирсови не му штетат на никој друг, па затоа не треба да заслужува омраза. Таа рече: „Она што ми доаѓа е кога некој ќе дојде до мене и ќе ми каже: „О, ти си грда“ или „Се уништивте себеси“. Многу е вознемирувачко да се знае дека луѓето имаат такво силно мислење и тие можат само да го изразат без никакви последици“.


Стотиците тетоважи на Амбер се инспирирани од сатанистички симболи, вклучувајќи го и зборот „смрт“ на нејзината рака. Амбер, која се смета себеси за сатанистка , има и ‘666’, превртен крст и змија на лицето.

Таа зборуваше за тоа како нејзините сини очи ја оставија привремено слепа и се чувствувала како да „трие стаклени парчиња во нејзиното око“. Но, болката не ги спречи промените на Амбер, таа исто така ставила филер на усните и образите, како и направила подобрувања на задникот и градите.
Таа ја создала и Dragon Boxes, компанија која продава кутии за накит по нарачка, „сатанистички“ нокти и секси долни облеки.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно