„Потрошив над 9000 евра на моето куче – сега не можам да си дозволам Божиќ за моите деца… кучето ми е како друго дете“

Мајка на две деца со скршено срце морала да им каже на своите момчиња дека Божиќ е уништен откако добила сметка за ветеринар висока 9297 евра.

Пред неколку недели Џоли Итон морала да им ја соопшти веста на своите деца дека на нивното куче треба да му се ампутира ногата. 29-годишната девојка избрала да му направат операција, наместо да го остави така својот сакан миленик, Бади, откако му бил дијагностициран остеосарком, еден вид рак на коските.

Таа рече: „Не можев да го заспијам, тој ми е како друго дете. Имавме скенирање во октомври додека куцаше и беше таму цел ден. Тој е несмасно куче, па мислев дека скокнал од оградата и се повредил. Ветеринарот рече дека најверојатно станува збор за артритис поради неговата возраст и му даде антиинфламаторни лекови. Но, неколку недели подоцна, требаше повторно да одиме кај ветеринарот“.

 

Додека Џои била на пат да ги земе своите синови, Џејден (10) и Оли (7) од училиште, таа ја добила катастрофалната вест.

„Ветеринарот ми заѕвони и само рече: „Тоа не е добра вест, тоа е тумор на коските“, додаде таа. „Ме праша дали сакам да го заспијам сега и рече дека, ако не, ќе имам околу две недели со него“, продолжи таа.

Во очајнички обид да го спаси животот на Бади, Џоли добила второ мислење од друг ветеринар кој ѝ предложил да закаже состанок со специјалист. Посветената мајка патувала 65 километри до ординација во Ливерпул, каде Бади отишол на КТ скен. За среќа тие откриле дека ракот не се проширил на белите дробови на кучето и имало шанси да му го спасат животот. Но, на Бади требало да му ја ампутираат ногата, како и шест исцрпувачки и скапи циклуси на хемотерапија од 780 евра секој ден.

Исто така и било кажано дека тој може да живее само уште 18 месеци, но сега тој добро закрепнува, па дури и држи чекор со својот 7-месечен брат француски булдог Спенсер.

Џоли рече: „Само им реков да го направат тоа, не ми е грижа. Се додека е со нас, не ми е гајле. Целата фактура достигна 4990 евра за КТ скен и операција, плус секоја рунда хемотерапија ќе чини 780 евра. Само им реков на момчињата Божиќ нема да биде толку добар како секоја година“.

 

 

Иако успеала да ја исплати речиси целата почетна сметка за ветеринар, таа се соочува со тринеделни трошоци за хемотерапија плус долг од 1280 евра од операцијата и КТ скенирањето. И покрај тоа што не сакала да се потпира на другите, 29-годишната девојка додаде дека нејзината мајка и баба и дедо за среќа ќе ѝ дадат поддршка доколку е потребно. Тие дури имаат отворено GoFundMe за да помогнат да се соберат пари за да ги плати сметките за ветеринар.

Таа додаде: „Навистина мразам да барам помош, но ова е само реалност во моментов за нас. Со целата криза на трошоците за живот, сметка за ветеринар што треба да се плати, како и неговата хемотерапија што треба да се плати згора на тоа – и тоа е Божиќ“.

Но, според мајката од Манчестер, на нејзините момчиња им е само мило што покрај себе го имаат своето семејно милениче.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *